вторник, 18 јануари, 2022

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти: ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ПРОДОЛЖУВА и во наредните 2 недели

Во последните 24 часа направени се 2.730 тестирања, и регистрирани се 642 нобозаболени со Ковид-19.

Вечерва е последен полициски час, но министерот за здравство Венко Филипче вели дека мерката ќе остане на сила.

„Врз основа на последните бројки на дијагностицирани и врз основа на бројот на лица кои се хоспитализираат и врз основа на бројот на слободени кревети, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, тоа значи дека останува на сила мерката полициски час од 22 до 05 часот“, вели министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Телевизија Сител.

Утре Комисијата за заразни болести ваков предлог ќе достави до Владата.

Извор: tv21.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!