понеделник, 19 април, 2021

Дали можете да го замислите СВЕТОТ БЕЗ ПОТРЕБА од ПАРИ?Што би се случило кога парите би престанале да постојат?

Историчарите тврдат дека металот почнал да се користи за прв пат како средство за плаќање пред 5.000 години п.н.е. Од тоа време, парите ја менувале својата форма.

Најпрво се појавиле банкноти, па кредитни картички и онлајн валути.

Факт е дека светот се вртел и секогаш ќе се врти околу парите.

Ако парите би престанале да постојат, последиците веднаш би биле очигледни.

Еве неколку теории за тоа како би изгледал светот кога парите не би постоеле:

Би имало помалку војни
Некои од најголемите војни се водат заради финансиска доминација. Доколку парите не беа главен мотив за војните, можеби ќе живеевме во мир.

Луѓето би се разведувале поретко
Резултатите од едно истражување велат дека најчестата причина за развод е недостигот на пари. Самиот стрес што го предизвикуваат парите ќе исчезнеше. Но доколку сме реални, за развод се потребни поголеми причини од само недостиг на пари.

Би имало промени во бизнисот
Ако платата не би постоела, тоа би предизвикало едно од две сценарија. Првото би значело дека луѓето би биле задоволни од своите работни места, затоа што нема да го чувствуваат стресот што парите ги носат со себе.

Од друга страна, можеби нема да одат ниту на работа, затоа што ќе немаат мотив.

Луксузот би станал минато
Луксузни производи, како што е најнова технологија, ќе ја изгубат вредноста, бидејќи ќе бидат достапни за секого. Ова ќе помогне да се намали бројот на опсесивни потрошувачи.

Ќе има помалку корупција и експлоатација на работниците
Во свет без пари, богатите повеќе нема да уживаат во моќта што ја имаат денес. Работниците, од друга страна, нема да дозволат работодавците да ги експлоатираат. Покрај тоа, и перењето пари ќе исчезне.

Светот повеќе нема да биде глобално село
Престанокот на употребата на пари ќе означи прекинување на трговските договори и глобалната економија ќе исчезне.

Секој би имал покрив над главата
Постојат луѓе кои веруваат дека правото на дом треба да биде универзално право, не привилегија. Со високите давачки, не изненадува што има толку многу бездомници низ целиот свет.

Кога станбениот простор не би се плаќал, секој би можел да го користи.

Ќе исчезнат разликите меѓу земјите
Ако парите престанат да постојат, сите земји ќе бидат еднакви, без да се делат на моќни и сиромашни. Луѓето нема да ја почувствуваат разликата во распределбата на ресурсите, а државјанството повеќе нема да биде важно.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!