понеделник, 28 ноември, 2022

ВИДЕО: Филипче го одржа зборот, Лиде Лиде се сретна со Венко кој во ТВ21 вети дека ќе оствари средба

Популарната Лидија, која на социјалните мрежи е претставена како Лиде Лиде често знае да се најде во коментари на објави кај министерот за здравство Венко Филипче.

На почетокот од пандемијата, Лиде Лиде беше редовна со коментари на прес конференциите на министерот, па во една прилика кога беше гостин во нашата емисија го прашавме Филипче, дали ќе има и средба со Лиде Лиде.

Министерот остана на ветувањето, а Лиде Лидер на социјалните мрежи објави фотографија на која пишува „конечно го сретнав“.

И двајцата поради коронавирусот на себе носат заштитни маски, а таа на Лиде Лиде е уникатна и со натпис „Лиде Венко“.

Видеото може да го погледнете овде.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!