10 дневен КАРАНТИН почнувајќи од ПОНЕДЕЛНИК после 136 смртни случаи во изминатото деноноќие во соседна Бугарија

Бугарија влегува во 10-дневен карантин. 

Државата ќе ги затвори училиштата, рестораните и трговските центри на десет дена почнувајќи од понеделник, како дел од борбата против ширењето на заразата со коронавирусот. 

Во изминатите 24 часа имало 136 смртни случаи поврзани со ковид-19. Досега земјата, со седум милиони луѓе, пријавила вкупно 291.769 случаи на коронавирус и 11.715 смртни случаи. 

Бугарските болници и служби за брза помош се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на заразени. На многу места, болниците се реорганизираат за да се создадат повеќе одделенија за пациенти со коронавирус.

Бугарија се бори со третиот бран на пандемијата по олеснувањето на рестриктивните мерки на 1 март.

Бугарија од утре продолжува со вакцинацијата со „АстраЗенека”

Нема проблем сите земји-членки на ЕУ да продолжат да ја употребувбаат вакцината на „АстраЗенека” и Универзитетот Оксфорд, бидејќи таа е безбедна и ефикасна, изјави попладнево на вонредниот брифинг директорот на Извршната агенција за лекови во Бугарија, Богдан Кирилов, во врска со одлуката на Европската агенција за лекови (ЕМА) за безбедноста на вакцината на „АстраЗенека” против Ковид-19. Изјавата следеше откако Европската агенција за лекови (ЕМА) во својата денешна одлука вакцината „АстраЗенека” ја прогласи за безбедна.

-Билансот корист-ризик останува позитивен и нема пречки сите земји на ЕУ да продолжат да вакцинираат со лекот, додаде Кирилов.

Тој додаде дека при обдукцијата извршена врз почината жена во Пловдив не била докажана поврзаност меѓу примената вакцина и причината за смртта, бидејќи кај починатата жена не биле пронајдени тромбови.

Кирилов додаде дека од утре Бугарија ќе продолжи со вакцинацијата со „АстраЗенека”, а за оваа цел ќе го пушти во употреба сето количество од оваа вакцина – 100.000 дози.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!