Венко Филипче штотолку сподели: Еве што одлучи Комисијата за заразни болести

Министерот за здравство Венко Филипче денес одржа прес-конференција со почеток од 11 часот.

Вчера дел од медиумите пишуваа дека е можно да се воведе полициски час од 17 до 05 часот наутро за време на викендот.

Токму затоа на денешната прес-конференција Министерот Венко Филипче, сподели со јавноста кои се плановите за нови мерки и во кои случаи е можно евентуално заострување на досегашните мерки.

Тој на пресконференцијата ја соопшти актуелната состојба со заболени, како и состојбата со слободни кревети во болниците, за кои кажа дека е стабилна и сите ковид центри се во функција.

Утрово имавме координација со членовите на Комисијата за заразни болести, ги анализиравме последните податоци и во таа смисла констатирано е дека оние градови во кои имаше значајно зголемување на случаите со Ковид-19, Вландово, Крушево, Кавадарци и Прилеп, рестрикцијата за движење после 22 часот ќе остане иста.

Доколку се потребни дополнителни рестрикции, ќе се одлучи на следната седница на Комисијата за заразни болести, која ќе се одржи следната недела.

Според анализата на Институтот за јавно здравје за периодот од 1 до 7 март, бројот на деца до девет години потврдени со ковид-19 се зголемил за дури 104, а за периодот од 8 до 15 март за истата возрасна група бројот се зголемил за 116, односно за половина месец вкупно се регистрирани нови 220 деца позитивни на вирусот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!