Директорот на болницата во Струга, гинекологот Мухамед Асани, ќе биде разрешен денеска поради случајот со родилката на која ѝ беа извадени органи, најави министерот за здравство Венко Филипче.




-За случајот со родилката во Дебар, вчера донесов одлука за формирање на нова Комисија, тоа е законска можност.




-Првата комисија беше формирана од МЗ преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции прво од семејството на родилката, но и од неколку институции (Хелсиншки комитет), новата комисија ќе ја водат директорите на КАРИЛ, Урологија, Гинекологија и ќе треба да направат анализа на случајот, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.




-Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден“ додаде Филипче.
Извор: 24.mk