понеделник, 26 јули, 2021

Еве колку време им е потребно на луѓето да закрепнат по разводот

Жените чувствуваат вина и срам двојно почесто поради неуспешен брак, а една третина од разведените парови тврдат дека останале во бракот и се труделе колку што можеле, покажува студијата на британската адвокатска компанија „Slater i Gordon“ на повеќе од 1.000 разведени лица.


Во 21 век, разводот сè уште носи предрасуди, за што сведочи и фактот дека повеќе од половина разведени парови чувствуваат некаков срам поради неуспехот на бракот.


Според тоа истражување, жените имаат двојно поголема веројатност да се чувствуваат виновни и непријатно за разводот, а во просек се потребни четири години по официјалниот развод за луѓето целосно да закрепнат.


Најчестите причини зошто луѓето остануваат во нефункционален брак се грижата за децата и финансиите, а секој десетти останал во брак затоа што не сакал да се справи со социјалните предрасуди.


Повеќе од една третина го сфаќаат разводот како личен неуспех, додека 75% од луѓето активно се обидуваат да ја спасат врската и да и дадат барем уште една шанса, објавија истражувачите.

Извор: plus24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!