Црни рекорди: Скоро 3.000 лица починати за само ЕДЕН ДЕН од Ковид-19 – Бразилските болници пред колапс

Бразил е меѓу првите три земји на листата земји со најголем број на заразени, веднаш по Соединетите држави и Индија, со повеќе од 11 милиони потврдени случаи и над 275.000 мртви.

Рекордни 2.841 починати од коронавирус се пријавени во Бразил во вторникот, пренесува Ројтерс.

Патем, Бразил започна со вакцинација на 17 јануари, а една од приоритетните групи беа староседелците, но експертите се загрижени дека овие операции не одат доволно брзо.

Министерството за здравство објави дека домородците се една од приоритетните групи и дека „тие веќе ги имаат сите потребни дози за да имунизираат повеќе од 410 000 лица“, нагласувајќи дека 270 000 лица веќе ја примиле првата доза, додека 152 000 ја примиле втората доза.

Сепак, некои староседелци кои живеат надвор од Амазон сè уште не ги примиле првите вакцини, бидејќи нивната територија не е официјално признаена. Покрај тоа, домородците кои живеат во градовите тврдат дека не се сметаат за приоритетна група, што го зголемува ризикот од ширење на вирусот.

ПОВЕЌЕ ОД 11 МИЛИОНИ Инфицирани во Светот од почетокот на пандемијата

Во изминатите 24 часа, потврдени се уште 83.926 случаи на коронавирус, а од почетокот на пандемијата, вкупниот број на заразени е 11.603.535.

Само САД имаат повеќе потврдени случаи на КОВИД-19.

121.186.003 случаи на коронавирус се потврдени ширум светот од почетокот на пандемијата, а 20.826.833 случаи се моментално активни, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Worldometers.

Од вирусот корона починале 2.680.507 луѓе, а се опоравиле 97.678.673 лица.

Соединетите држави имаат најмногу потврдени случаи на инфекција – повеќе од 30 милиони, Бразил повеќе од 11,5 милиони, Индија повеќе од 11,4 милиони, Русија повеќе од 4,4 милиони и Велика Британија повеќе од 4,2 милиони.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!