Во изминатиот период во јавноста е актуелен случајот со родилката од Струга која изгуби 3 органи.
Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти на својот Фејсбук профил дека презел конкретни активности за решавање на случајот со родилката од Струга, кој ја потресе јавноста.




Денеска формирав петчлена комисија да изврши стручен надзор во ОБ во Струга, поврзано со лекувањето на пацинетката од Дебар.




Од членовите на Комисијата барам да утврдат дали имало неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита на пацинетката.




Комисијата е составена од 5 члена, професори и лекари од неколку Универзитетски клиники во Скопје, правник од МЗ и од ДСЗИ. Никој нема да биде поштеден од одговорност – соопшти министерот.




Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска остана без матка, бубрег и еден јајник при породување со царски рез во август лани кај гинекогот, доктор Мухамед Асани.




Откако состојбата и станала критична ја префрлиле на скопските клиники, а кога се разбудила од кома дознала дека и се извадени органите.




Лекарската комора не пронајде грешка во постапувањето на лекарот кој е и директор на болницата во Струга, а Веаповска против него поднесе кривична пријава во струшкото обвинителство.