петок, 29 септември, 2023

Тажна вест: Уште едно медицинско лице ја изгуби битката со коронавусот во Македонија

Д-р Зора Љушеска-Трајческа(63) специјалист по физикална медицина и рехабилитација во охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ починала денеска по компликации од ковид-19.

 Ја изразуваме нашата голема жалост и сочувство кој нејзиното семејство, се вели во објавата од болницата.

Таа е трето медицинско лице од Охрид кое ја изгуби битката со коронавирусот.

Досега битката со коронавирусот ја загубија медицинската сестра Дијана Димоска и д-р Драган Спасески- Охридски, кои од почетокот на коронакризата се во првата линија на борбата против ковид-19.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари