четврток, 28 септември, 2023

Тажна вест: Почина проф. д-р Бранко Василевски

Денеска, по кратко боледување почина професорот и експерт за максилофацијалната хирургија д-р Бранко Василевски.

Во текот на својата академска кариера остварил исклучително плоден научен и стручен опус објавуван како во домашни, така и во угледни стручни странски научни списанија.

Д-р Василевски, беше редовен професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Целиот свој работен и животен век ги посвети на развојот на максилофацијалната хирургија, каде остави огромен придонес во македонското здравство.

Погребот ќе се одржи утре, во 13 часот, на гробиштата во Бутел.

Извор: 21 ТВ

Коментари

коментари