вторник, 18 јануари, 2022

Младиот доктор Миомир ја загуби битката со корона вирусот: Беше во првите борбени линии

Младиот доктор Миомир Шошкиќ ја загуби битката со корона вирусот, откако веќе повеќе од година дена беше во првите борбени и безрезервно се бореше за животот на секој еден пациент.

Миомир беше вработен во Клиничкиот центар, во Подгорица, во Црна Гора. Тој заедно со своите колеги секојдневно придонесуваше во борбата против корона вирусот, каде што тој самиот се зарази со Ковид-19.

Преку донации, семејството во изминатите денови собра средства за Миомир да замине на лекување. Тие успеаа да го испратат на лекување надвор од Црна Гора, но, за жал, беше предоцна.

Како резултат на вирусот корона, тој беше третиран со KCCG терапија.

Триесет и тригодишниот доктор по фармација Миомир Шошкиќ, денес ја загуби битката со коронавирусот.

Претходно неговата фамилија, преку медиумите објави дека е потребна помош за негово лекување и третман во странство.

Во Црна Гора беше покрената акција за лекување на докторот кој се лекуваше од последиците од коронавирусот и беше на апарати за дишење во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Поради исклучително тешката здравствена состојба, неопходен беше третман надвор од Црна Гора. Семејството не беше во можност да обезбеди средства во износ од 200.000 евра кои се потребни за лекување во странство, поради што итно се собераа средства, од страна на јавноста пријателите на д-р Миомир Шоскиќ.

И покрај хуманоста и брзата реакција на јавноста, сепак младиот доктор денес ја загуби битката со корона вирусот.

Најблиските соработници и пријатели на социјалните мрежи со тага и неверување се простуваат од својот доктор. Тие велат дека секогаш ќе се сеќаваат на неговата храброст и пожртвуваност со која работеше за да спаси други животи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!