ХАОС ВО ИТАЛИЈА! Граѓаните бесни поради карантинот, Вишиот институт за здравство во Рим е оштетен

Главниот влез во Вишиот институт за здравство во Рим е оштетен во пламенот што се развил откако непознати лица фрлиле запалива материја, пренесува агенцијата Анса.

Полицијата го истражува случајот, но медиумите шпекулираат дека станува збор за акт на протест против новите анти-корона мерки врз основа на кои поголемиот дел од Италија повторно е во карантин.

Институтот за здравство е најголемиот научен орган во здравствениот систем на земјата, а од почетокот на пандемијата анализира и предлага анти-ковид мерки.

-Вирусот е непријател, а не институциите кои се борат против коронавирусот – рече министерот за здравство Роберто Сперанка.

За разлика од првиот карантин, пред точно една година, кога граѓаните повеќе или помалку послушно и дисциплинирано ја прифатија неопходната мерка за заклучување, сега чувствата на граѓаните се различни и хаотични.

Весникот „Ил Фато Котидијано“ пишува за гнев, страв, незадоволство, протести и предавство.

Вчера, недела, ден пред новиот карантин, сите продавници, кои вообичаено не работат за време на викендите, беа отворени, вклучително и фризери, берберници и салони за убавина, кои остануваат затворени во следните три недели додека ќе трае карантинот.

Можете да одите на улиците само доколку одите на работа и во итни случаи, но секој излез од домовите мора да биде пријавен, што полицијата ќе провери доколку е потребно.

Во следните три недели нема посети на пријатели или роднини, спортот е дозволен само во границите на општината каде се престојува, а рестораните и баровите остануваат затворени.

Полицискиот час останува во сила од 22 до 5 часот наредниот ден.

-Едно е сигурно, овој пат нема да има пеење од прозорците и балконите за да се бодриме едни со други – заклучува весникот „Ил Фато Котидиано“!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!