Точно во 00 часот – нов ЗЕМЈОТРЕС во Македонија

Точно на полноќ!!!

Земјотрес со магнитуда од 3 степени по рихтер точно на полноќ регистриран е во Македонија.

Според податоците на ЕСМЦ, епицентарот е кај во близна на Дебарско езеро.

Поврзани вести – Серија земјотреси вчеравечер го тресеа реонот на Маврово и Ростуше

26 возила од Маврово биле пропуштени за време на полициски час да се вратат дома поради земјотресите.

26 возила на викендаши од Маврово за време на полицискиот час биле пропуштени да се вратат дома поради серијата земјотреси кои синоќа го погодија мавровскиот регион.

Градоначалникот на Маврово – Ростуше во телефонска изјава за Сител вели дека тоа било во координација со МВР бидејќи жителите и викендашите биле вознемирени поради потресите.

Засега не се пријавени материјални штети.

  • Објавивме телефонски број на кој може да се пријават таквите штети. Инаку, имаше објава од ЈП за комунални дејности, тоа што не извести дека во мавровскиот регион водата не е за пиење поради заматувањето на изворите. Очекуваме како и по претходните земјотреси дека за три до четири дена водата повторно ќе биде за пиење, вели Куртовски.

Од сеизмолошката опсерваторија во Скопје велат дека серијата земјотреси која вчера ги вознемири граѓаните на Западот од Македонија не можат директно да се поврзат со тие кои во изминатиот период се случуваат во Грција.

  • Првиот со рихтерова магнитуда 4,6. Беше почувствуван во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со интензитет од 4 до 6 степени според европската макросеизмичка скала. А во централниот дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензитет од 3 до 4. Активноста на неколку раседи, како што се мавровскиот расед, сувогорскиот и регионалниот скопско-ќустендилски расед ја условува оваа сеизмичка активност, но освен мала вознемиреност кај населението овие земјотреси не беа доволни силни за да предизвикаат каква било материјална штета, вели Драгана Черник, сеизмолог од Опсерваторијата при ПМФ.

Последите силни земјотреси во мавровскиот регион се случуваа во ноември минатата година, кога жителите исто така имаа проблеми со водата за пиење.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!