петок, 29 септември, 2023

НЕВЕРОЈАТНО: Направен вештачки мозок кој се развива како човечкиот

Научниците создадоа вештачки мозок во лабораторија, кој се развива како човечкиот, што може да обезбеди подобар увид во болести како што се Алцхајмерова болест или шизофренија.

Истражувачи од Лос Анџелес спроведоа широка генетска анализа на таканаречените „органоиди“, на кои им е овозможено да се развиваат и растат во лабораториски услови до 20 месеци.

Откриле дека вештачкиот мозок расте во фази кои се совпаѓаат со развојот на мозокот кај бебињата. Истражувањето сугерира дека органоидите на вештачкиот мозок можат да се развиваат надвор од фетален стадиум, што е спротивно на досегашните претпоставки.

Со оглед на ова откритие, органоидите можеби можат да созреат до таа мера да бидат употребливи за истражување на болести во мозокот на возрасна личност, како деменција. Направени се со помош на т.н. индуцирани плурипотентни матични клетки, од кои можат да се развијат многу други видови клетки.

Матичните клетки што ги користеле научниците се добиени од кожни и крвни клетки и биле репрограмирани за да се вратат во ембрионална состојба.

Кога клетките се изложени на соодветни хемикалии и услови, тие се развиваат во мозочни клетки и се самоорганизираат за да произведат тродимензионални структури кои се верна реплика на одредени аспекти на развојот на вистинскиот човечки мозок, пренесува порталот Кликс.

Научниците веќе користат органоиди на човечки мозок за да ги проучат невролошките нарушувања, вклучувајќи аутизам, епилепсија и шизофренија.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари