понеделник, 18 октомври, 2021

Среде пандемија организирале семејна веселба во Тетово- приведен сопственикот на ресторанот

Семејна веселба во угостителски објект, на која биле присутни 40 лица прекина вчера полицијата во Тетово, а сопственикот на локалот е приведен.

Како што соопшти МВР вчера во 18:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово била извршена контрола  во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица.

Лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ на РСМ.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци. 

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!