понеделник, 18 октомври, 2021

БАНКРОТ: Ватикан остана без пари! Ги молат верниците за милостина

Ватикан призна дека речиси ги исцрпи своите финансиски резерви и ги повика верниците да дадат донации за покривање на буџетскиот дефицит.

Како што пренесува „Дејли меил“, Ватикан го објавил буџетот за 2021 година поради претходно ветената поголема финансиска транспарентност во времето на предвидениот буџетски дефицит од 50 милиони евра годинава.

Целта, додава весникот, е да се убедат донаторите дека парите се трошат правилно по повеќе години лошо управување, што во моментов е во фокусот на истрагата за корупција.

Министерот за економија на Ватикан, Хуан Антонио Гереро Алвеш, рече дека донациите се намалени поради епидемијата на вирусот корона, како и заради затворените музеи во Ватикан.
Затоа, според него, се предвидува 30 проценти намалување на приходот.

Приходите ќе бидат намалени на 213 милиони евра во 2021 година, во споредба со 307 милиони во 2019 година, според порталот „Дисклоз.тв“.

Да потсетиме, на крајот на минатата година, папата Франциско повлече драстичен потег и формално го лиши државниот секретаријат на Ватикан од финансиски имот и недвижен имот, откако стотици милиони евра донации и инвестиции беа предмет на истрага за корупција .

Ова следеше по долгогодишните обвинувања дека Државниот секретаријат на Ватикан лошо управувал со донации и инвестиции, што резултирало со загуби од десетици милиони евра за време на финансиската криза за Светиот Престол.

Обвинителството на Ватикан истражува зошто и како Секретаријатот на Ватикан инвестирал 350 милиони евра во луксузна станбена зграда во Челси, престижен дел од Лондон, како и други шпекулативни фондови.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!