вторник, 18 јануари, 2022

Поранешниот пратеник и актуелен директор има интересна идеја: По 1.000 денари на секој што ќе ја отвори вратата за попис

Македонскиот политичар Самка Ибраимоски, воедно и претседател на политичката партија ПЦЕР, повторно доминира на социјалните мрежи со своите идеи и предлози.

Самка во периодот од 2011 до 2014 година беше пратеник во Собранието на Македонија, а по парламентарните избори во 2016 година, беше назначен за министер без ресот во владата на СДСМ. Во декември 2017 година, Самка поднесе оставка од функцијата.

Моментално Ибраимоски е в.д. заменик-директор на „Македонија пат“.

Тој на својот Фејсбук профил ја коментира и можноста некои луѓе да не ја отворат вратата од својот дом, поради што нуди и лесно решение.

-Да дадат по 1.000 денари сите ќе се пријават, тогаш нема врата, сите врати ќе се отворат и Ковид ќе го заборават,- пишува Самка.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!