“ЌЕРКА МИ ГОЛТНА БАТЕРИЈА И ПОЧИНА“: Мајка предупредува други родители

Лани, во октомври, 17-месечно девојче по име Рис почнала да испушта звуци на свирче додека дише. Нејзината мајка Триста Хамсмит ја однела на педијатар, кој заклучил дека тоа е веројатно болно грло.

Набргу потоа, загрижената мајка забележала дека една батерија недостасува на далечинскиот управувач. Обземено од страв, семејството Хамсмит се упатило кон локалната Брза помош со Рис.

Потоа ја дознале поразителната вест: Рис проголтала мала батерија што и создала дупка во хранопроводот.

„Кога батерија се внесе во телото, таа почнува да еродира и да гори сè околу себе“, објаснила 39-годишната мајка од Лабок, Тексас.

Покрај тоа, таа истакнала дека децата голтаат батерии многу почесто отколку што мислат повеќето луѓе.

Рис никогаш не се опорави. Таа почина на 17 декември 2020 година.

„Оваа приказна треба да се раскаже“, рекла мајката на Рис. „Тоа не мораше да се случи“.

Нејзиното девојче било исклучително разиграно и живо дете, кое сакало да биде во центарот на вниманието.

Тоа е една од причините што Хамсмит била толку загрижена кога Рис станала летаргична, мирна и не можела да дише кон крајот на октомври.

Нејзиниот педијатар и дијагностицирал болка во грлото и ѝ дал лекови, велејќи им на нејзините родители да се вратат во понеделник доколку состојбата се влоши.

Штом мајката забележала дека батеријата ја нема, се посомневала во најлошото и целото семејство отишло во блиската амбуланта.

„И направија рентген и потврдија дека (батеријата) е таму и итно ја оперираа за да и ја извадат батеријата“, се присетува таа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!