Австрија ја сопира вакцинацијата со „АстраЗенека“ поради смртен случај – Ќе се истражуваат можните негативни ефекти од вакцината

Медицинска сестра (49) починала поради сериозно нарушување на коагулацијата, додека друга жена (35) по вакцинирањето развила белодробна емболија и се опоравува во болница.

Австриските власти денеска привремено престанаа со вакцинација со вакцината „АстраЗенека“ како мерка на претпазливост, сè додека не се испита смртта на медицинска сестра и болеста на друго лице откако ја примиле оваа вакцина, соопшти денеска државната здравствена служба.

„Федералната канцеларија за јавно здравје (БАСГ) доби два извештаи потенцијално поврзани со вакцинирање од ист контингент дози на вакцини АстраЗенека во болница во Цветла“, се вели во изјавата.

Медицинска сестра (49) починала поради сериозно нарушување на коагулацијата, додека друга жена (35) развила белодробна емболија и се опоравува во болница.

„Во моментов, нема докази дека овие два случаи се поврзани со вакцината“, рече БАСГ. Швајцарскиот весник „Nideresterajhise nahrichten“, како и националните медиуми ОРФ и новинската агенција АПА наведуваат дека двете жени се медицински сестри и дека работеле на иста клиника.

BASG наведува дека згрутчувањето на крвта не е пријавено меѓу несаканите ефекти на вакцината АстраЗенека.

„Како претпазливост, преостанатите вакцини од оваа пратка нема да се користат“, рече БАСГ.

AstraZeneca досега немаше коментар по повикот на Ројтерс да даде коментар за двата случаи.

Агенцијата АПА ја цитира АстраЗенека, која изјави дека британско-шведската фармацевтска компанија е во контакт со австриските власти и дека ја поддржува истрагата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!