понеделник, 19 април, 2021

КОВИД 19 ЗЕМА УШТЕ ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ – 39 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ЈА ИЗГУБИ БИТКАТА СО ВИРУСОТ

Вчера повторна згасна млад живот како последица на короната.

Почина пациент од Скопје на возраст од само 39 години.

Засега нема информации дали имал претходни коморбидитети, пишува фактор.мк

Покрај овој човек, вчера уште десет наши сограѓани ја изгубија битката со ковид 19.

Инаку, директорката на Инфективната клиника, д-р. Милена Стевановиќ, вчера за тв Телма изјави дека на клиниката имаат и млади и стари пациенти, со различен тип на хронични болести, и со различна претходна здравствена состојба пред да бидат инфицирани, пренесува фактор.мк

„И тие многу азлично знаат да реагираат на инфекцијата со ковид 19. Оттука зависи и како понатаму таа ќе се развива, и се разбира, со каков исход ќе биде. За клиничко следење на болните и за лекување не ни е од големо значење која варијација на вирусот е во прашање, се додека тоа не се однесува на сериозни промени во клиничката слика“, изјавила за Телма ТВ д-р. Милена Стевановиќ.

Вчера министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19.

Пријавени беа вкупно 11 починати лица. Починати се по 5 пациенти од Скопје (77г,73г,63г,63г,39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г,71г) и Неготино (77г,63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.

Извор: faktor.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!