понеделник, 19 април, 2021

СЗО: Пофалба за жените за храброста и емпатијата за време на борбата против Ковид – 19

Матшидисо Моети

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, Матшидисо Моети, ги пофали жените за храброста и емпатијата што ја покажаа додека ја водат борбата против пандемијата во светот.

„Жените сочинуваат околу 70 проценти од глобалната здравствена работна сила и многу од нив се во првите редови во борбата против ковид-19, вклучително и медицински сестри и други медицински лица“, рече Моети на конференцијата во пресрет на Меѓународниот ден на жената за влијанието на пандемијата врз животот на жените во Африка.

Овогодинешната тема на Меѓународниот ден на жената е „жените во лидерството: Постигнување еднаква иднина во светот на Ковид-19“, а целта е да се посочат напорите на жените и девојките во обликувањето на порамноправна иднина и закрепнување од пандемијата .

„Нашата анализа од 28 земји открива дека во просек 41 процент од случаите на Ковид-19 лица се жени. Се разбира, тоа се разликува од земја до земја “, рече Моети, додавајќи дека бројни студии покажале дека жените почесто се придржуваат кон превентивни епидемиолошки мерки отколку мажите.

Посочувајќи дека жените покажуваат импресивно лидерство во политиката и приватниот сектор, Моети рече дека жените исто така се мобилизирале во борбата против ковид-19 и други здравствени проблеми.

Моети додаде дека СЗО работи со владите за да се обезбеди непречена испорака на основни родово одговорни услуги и да се обучат здравствените работници за поддршка на жените кои страдаат од родово насилство.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!