понеделник, 19 април, 2021

Обвинение за седум учесници во протестите за „Монструм“, шест лица веќе се во притвор

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение за седум учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“.

Од седумте лица, шест се веќе во притвор, а за уште едниот денеска ќе му биде одредена мерка притвор, поради опасност од бегство и повторување на делото.

Сите седум лица се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а обвинителството ќе бара продолжување на притворот.

Сите лица на 26. февруари беа дел од толпата која протестираше за осудените во случајот „Монструм“, и сториле насилства кон полициски службеници и други службени лица.

Повредени биле 11 полицајци, а со тешки повреди се здобил и новинар кој известувал од местото на настанот.

Извор: 21ТВ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!