понеделник, 19 април, 2021

НОВА ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПАСНОСТ ЗА ЕВРОПА: Радиоактивна прашина од Сахара пристигна во Европа

Радиоактивната прашина од Сахара е присутна во Франција од февруари, објави Здружението за контрола на радиоактивност.

Прашината ја донесе ветерот од пустината Сахара и предизвика скок на загадувањето во делови на јужна Европа. Научниците потврдија дека прашината е радиоактивна по земањето мостри.

Нуклеарен тест

Иако сегашните нивоа на зрачење не се сметаат за опасни, медиумите укажуваа на иронијата на целата ситуација – уште во 60-тите години на минатиот век, Франција спроведе неколку нуклеарни тестови во Алжир, тогашна француска колонија, што доведе до контаминација со зрачење на Сахара, пренесува Sputnik International .

Метеоролозите објаснија дека приливот на прашина е предизвикан од големото невреме во Мароко, кое го зафати североисточниот дел на земјата со брзина од околу 100 километри на час.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!