понеделник, 19 април, 2021

(ВИДЕО) Ќе ве остави без збор – Бугарскиот премиер Борисов му го подари сакото на градежен работник

Претседателот на бугарската влада Бојко Борисов при посетата на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан му го подари своето сако на еден од работниците.

„Убаво Ви е сакото. Сакам и јас да си земам исто такво“, му рече работникот на Борисов.

Премиерот ги праша своите соработници дали има друго сако во возилото, па го соблече своето и му го подари на работникот.

„Ако ти е точно, веднаш ќе ти го дадам“, му рече Борисов.

Работникот го проба сакото и големината му одговараше.

„Алал нека ти е. Да ги проверам само џебовите. Запалката ќе ти ја оставам, но маската ќе си ја земам“, рече Борисов и ги воодушеви останатите работници кои го поздравија со ракоплескање.

Видеото може да го погледнете овде.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!