Пеле цела година не излегол од дома, сега се огласи и испрати моќна порака во светот

Осумдесетгодишниот бразилски фудбалер ја прими првата доза на вакцина против коронавирусот и тоа го објави на социјалните мрежи, изјавувајќи дека тоа за него е „незаборавен ден“.

Трикратниот шампион на Светскиот куп, веќе цела година не го напушта својот дома во Гваружа, близу Сао Пауло, и беше пресреќен што може со светот да сподели дека ја примил првата доза на вакцина.

Тој апелираше и понатаму да се одржува хигиена на рацете, да се држи физичка дистанца и да се носат маски, зашто пандемијата сè уште трае.

-Ова ќе помине ако мислиме едни на други и си помагаме. Мора да сме дисциплинирани за да ги сочуваме животите сè додека не се вакцинираат многу луѓе – напиша Пеле покрај фотографијата на Инстаграм.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!