понеделник, 19 април, 2021

Тешко повреден велосипедист откако бил удрен со автомобил

На 02.03.2021 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „пежо 308“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(26) од Скопје и велосипед, управуван од Ш.А.(73) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!