понеделник, 19 април, 2021

Кои се најпаметните раси на кучиња?

Бордер Коли

Оваа раса е позната како воркохоличарска меѓу кучињата. Покрај својата агилност, се истакнува со висока интелегенција. Исто така, имаат исклучителни инстинкти и потреба од работа и занимација за да бидат среќни.

Германски овчар

Кучето инспектор Рекс
Германскиот овчар е екстремно добар во полициска работа, затоа и местото му во полициските редови. (Сигурно се сеќавате на ТВ серијата „Rex” каде истоимениот претставник на оваа раса беше во главната улога). Германските овчари се познати како најдобри полициски и воени кучиња, кои се лојални чувари на сопственикот.

Бладхаунд

Овие кучиња се најдобри за лоцирање на траги. Често ги употребуваат во полициска работа и акции за потрага и спасување на луѓе. Нивниот осет за мирис е толку исклучителен што резултатите од неговото трагање се дозволени да бидат доказ на суд во САД.

Бигл

Овој вид на загар е познат по тоа што секогаш го следи својот нос, па затоа и е добар детектив. Често ги употребуваат компании за дезинсекција, бидејќи можат да ги насетат и најситните инсекти во домот.

Лабрадор Ретривер

Ова е најпаметното куче водич. Лабрадорите лесно се тренираат, а и лесно се задоволуваат. Затоа овие кучиња се одлично домашно милениче кое воедно е и најпопуларна раса според статистиката на здружението.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!