
Јапонскиот Милијардер Јасаку Маезава повика осум луѓе да му се придружат на патување околу Месечината во ракетата на „SpaceX“.
„Сакам да ми се придружат различни луѓе“, рекол тој на видеото кое, заедно со деталите околу пријавувањето го објавил на Твитер.

Милијардерот најави дека ќе го плати целиот пат па сите кои ќе му се придружат ќе летаат бесплатно. Летот е планиран за 2023 година.
Маезава богатството го стекнал во модната индустрија, а минатата година започна документарец во кој бара нова девојка која требаше да му се придружи на летот. Проектот на крај е откажан.

Во 2018 година е најавено дека Маезава ќе биде првиот првиатен патник кој ќе лета околу Месечината.
Мисијата е планирана за 2023 и треба да биде првото лунарно патување со човечки екипаж уште од 1972 година.
Извор: kanal5.com.mk