Здружението на лекари од Калифорнија објави истрага против пластичниот хирург, бидејќи тој учествуваше во судење преку видео врска за време на операцијата.
На судењето во судот во Сакраменто поради сообраќаен прекршок докторот Скот Грин учествувал од операциона сала додека оперирал пациент.

Хирургот за време на судењето, додека го оперирал пациентот бил облечен во заштитна хируршка униформа, иако бил надвор од видното поле на судиите, се слушале звуци од медицинските апарати и се гледал пациентот што бил опериран.
На прашањето од службеникот во судот, кој го видел каде се наоѓа докторот, дали ќе може да учествува во судењето, Грин потврди дека е во операционата сала и дека може да учествува во судењето.

„Само почнете!“ Рекол тој и продолжил да работи со наведната глава.
Кога го видел, судијата, кој подоцна се придружил, се двоумел да го продолжи судењето, плашејќи се за пациентот.
Грин одговори дека нема проблем затоа што има уште еден хирург, „така што додека тој оперира, јас можам да стојам тука, пред камерата“.

Сепак, судијата рекол дека не е соодветно да се спроведе судење во тие околности и одлучил да определи нов датум за сослушувањето, а хирургот се извинил дека „понекогаш операциите не одат според планираното“.
Видеото со дел од операцијата и судењето може да го погледнете тука.