понеделник, 19 април, 2021

Таму каде што никој не се надевал и барал – пронајдено телото на исчезнатиот штипјанец Зоран

Таму каде што никој не се надевал и барал пронајдено е телото на 57-годишниот штипјанец Зоран Шуманов, кој од дома излегол на 12-ти февруари, по што му се губи секаква трага, пренесува ТВ Стар.

Семејството, роднини, пријатели и полицијата три недели по 24 часа на ден го бараа Зоран на сите претпоставени места.

Телото во распод е најдено во централното градско подрачје, на само 100-тина метри низводно од библиотеката Гоце Делчев.

-Таму доле ниското клекнат до ѕидот, јас го отворив прозорот случајно и забележав. Овде минува народ, но никој не забележал,- вели жената која го пронашла трупот.

Во СВР Штип било пријавено дека во близина на куќа било пронајдено безживотното дело на З.Ш. од Штип.

Целото видео на ТВ Стар погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!