понеделник, 26 јули, 2021

Сообраќајна несреќа меѓу возило и мопед – едно лице повредено

На 01.03.2021 во 12:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Св.Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“, во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило, кое веднаш по незгодата го напуштило местото и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Д.(47) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: 21ТВ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!