Русија правно и технолошки е подготвена да се исклучи од глобалниот Интернет

Исклучувањето на Русија од глобалната мрежа е можно, но властите имаат план за акција во тој случај, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, во интервју за руските медиуми.

Медведев објасни дека Русија е легално и технолошки подготвена да се исклучи од глобалниот Интернет, но дека засега нема знаци дека тоа може да се случи.

„Се е технолошки подготвено за тоа. На законодавно ниво, донесени се и сите одлуки, но ова не е едноставно и јас навистина не би го сакал тоа.

„Искрено, сè уште не гледам знаци на такво нешто, бидејќи, од очигледни причини, станува збор за меч со две острици“, рече поранешниот руски премиер, пренесува Спутник.

Системот за финансиски пораки (SPFS) е создаден како одговор на ризиците од можно исклучување на руските банки од системот „SWIFT“.

Повеќе од 11 илјади најголеми организации во скоро сите земји во светот се поврзани со неа. Постојат редовни извештаи дека Русија може да биде исклучена од тој систем како една од мерките за построги санкции од западот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!