понеделник, 19 април, 2021

Четворица од десет студенти се зависни од смартфони

Четворица од десет студенти се зависни од паметни телефони (смартфони) и оваа навика им предизвикува големи проблеми со спиењето, покажува истражување спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон.

Во студијата учествувале 1.043 студенти на возраст од 18 до 30 години, а 406 од нив покажале одлики на зависност од паметни телефони, објави „Гардијан“.

Повеќе од две третини од зависниците имале проблеми со спиењето, а студентите кои користат телефони по полноќ, или четири или повеќе часа во текот на денот, се изложени на најголем ризик од развој на зависност од овој технолошки уред.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!