вторник, 18 јануари, 2022

Пад на температурите: Еве какво време не очекува неделава

Во новата работна недела температурите ќе се спуштат под нулата.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Во понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени.

Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.

Времето денеска претплaдне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!