петок, 29 септември, 2023

Отворени се шалтерите: Од денеска можете повторно да плаќате сметки во Пошта

Од денес 01. март 2021 година започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“ па граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат сметките и да вршат други плаќања во готово.

„Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.

Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово.

Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта,“ се вели во соопштението од „Халкбанка“.

Провизиите, според информациите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за уплати кон буџетските установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Согласно договорот потпишан меѓу националната Пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк соопшти дека ја исполниле својата обврска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта, информираат од Халкбанк АД Скопје.

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта, посочуваат, ќе биде со особено поволни провизии. Односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25 проценти од вкупниот платен промет во државата, стои во соопштението.

Според најавите, во скоро време коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

Над 870 вработени во Пошта целосно или делумно извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги, а како што беше објавено на потпишувањето на договорот, од остварениот заеднички приход 71 отсто ќе биде за државната пошта, а 29 отсто за Халк Банка.

Платниот промет преку Пошта на РСМ беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.

Коментари

коментари