понеделник, 19 април, 2021

(ВИДЕО) Мајка ги спаcи cвоите четиpи деца од пожаp, погледнете како

Жена во Турција ги спасила своите четири деца фрлајќи ги од третиот кат за време на пожарот што ја зафатил нивната зграда.

Семејството живеело во петкатна зграда во истанбулскиот кварт Есенлер, која била зафатена од пожар.

Случајни минувачи и станари на зградата рашириле ќебе под прозорецот за да ги фатат децата. Службата за итни случаи подоцна ги пренела децата во болница.

“Прво видовме како се крева црн чад. Потоа слушнавме деца како викаат од прозорецот и веднаш отворивме ќебе. Една жена фрлаше деца од прозорецот и ние ги фативме”, рече еден од сведоците на настанот, цитиран од Sky News.

Мајката е пренесена во болница како претпазливост, но подоцнежните извештаи потврдиле дека ниту таа ниту децата не претрпеле сериозни повреди.

Уште две деца и две возрасни лица биле спасени од зградата што горела. Пожарот подоцна бил изгаснат од противпожарната служба.

Извор: region.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!