понеделник, 19 април, 2021

Заев ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, објави Зоран Заев, лидерот на оваа партија и премиер на својот фејсбук профил.

-Пред членовите на партијата излегувам сo Програма: Нова политика – СДСМ прв во промените!

Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март, напиша Заев.

Додава во објавата дека доколку ја добие доверата, со својот нов мандат, најавува досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.

-Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на #СДСМ и Република Македонија, наведува Заев на фејсбук.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!