понеделник, 19 април, 2021

ВО ЖИВО: Мијалков во судница ја слуша пресудата за прислушувањето

Со полициска придружба од домашен притвор во Основниот кривичен суд Скопје пристигна обвинетиот Сашо Мијалков за да ја слушне пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Во судница во моментов се соопштува пресудата за обвинетите од „Таргет-Тврдина“, а видеото можете да го погледнете ТУКА.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!