понеделник, 19 април, 2021

ТЕНЗИЈАТА РАСТЕ: Полицијата го возврати ударот – демонстрантите за момент се повлекоа

Ескалираше состојбата на протестите за „Монструм“.

Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.

Полицијата употреби солзавец кон учесниците на протестот.

На терен се присутни се и оклопни полициски возила.

Учесниците во протестот се на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаат на локацијата на Бит Пазар.

Дел од демонстрантите кои во моментот се на булеварот пред ТЦ „Мавровка“ предизвикаа тензии и фрлаа со предмети кон полицискиот кордон кој не им дозволува да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието.

Камерата на „360 степени“ регистрираше дека има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош.

Протестирачите не штедеа погрдни зборови и пцовки за полицијата, а од друга страна, гласноговорниците се обидоа да ги смират жешките главни на присутните на протестот

Коментари

коментари

error: Content is protected !!