понеделник, 19 април, 2021

Грациозната Захариева му понуди нови коректни барања на скромниот Министер Османи

Текстот е козерија/фикција…Канал 5 дознава кое е дополнителното барање на Убавата Захариева, но и каква била реакцијата на кметот Петре Шилегов. Промените се во точката 4 и додадена е нова точка 5.

По денешната куса но очигледно плодна средба меѓу божествената Захариева и скромниот ни министер Османи, Канал 5 дознава кои биле новите барања на официјална Софија.

1.Поради фактот што УЕФА не дозволи на европското првенство во фудбалската екипа на Македонија да настапат голман и уште 6 бугарски фудбалери, Бугарија постави нов услов . На две недели пред одржување на европското првенство целиот тим, но и сите од делегацијата ќе мора да организираат секој ден , значи вкупно 14 дена, журки без маски и без одржување на дистанца, во одредени скопски локали ( само не кај Три Бекови, за да не се повреди некој од фудбалерите ), на кои мора дополнително да има најмалку 100 гости кои немаат прележано Ковид-19.Овие журки бугарските спортски медицинари веруваат дека ќе ги „опуштат“ нашите фудбалери, и ќе бидат во топ форма за европското првенство.

2.Светски познатата фабрика за производство на банкноти од сите валути, пасоши , долна и горна облека, парфеми и помагала за потенција се сели од Пловдив во Тетовско. Со ова Македонија конечно ќе ја добије првата Бугарска инвестиција, која ќе вработува преку 100 работници во подрумски простории, со цел да не се заразат со Ковид-19.

3.Заводот за статистика веднаш ќе го прекине огласот за најмување на попишувачи, објавен преку сите јавни гласила во Македонија, а на ниво место ќе бидат ангажирани, неутрални, бугарски попишувачи, со цел да се избегнат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за некаков „политички попис“. Бугарските попишувачи ќе дојдат со свој , бугарски софтвер и со свои, веќе испробани бугарски прашања за попис, кои ќе бидат поврзани со Европската база на податоци, а по завршување на пописниот процес на 21 Април, во рок од 48 часа ќе излезат со конечните податоци. Се очекува бугарските попишувачи, во стил на добри, братски соседи, крајно професионално да го попишат населението во Македонија.

4.Кметот на град Скопје,Петре Шилегов, покрај бугарските знаменца, ќе мора во знак на извинување за некои навреди кои наводно ги кажал во некоја бугарска ТВ емисија, за убавата Захариева, да смени име на една улица и име на еден плоштад .
Така што, плоштадот Македонија ќе има ново име – плоштад на Борис Трећи, а улицата Ленинова, ќе се преименува во улица Тоша Живковић.

5.Канал 5 да прекине да и дели комплименти , од причини што предизвикува сериозна љубомора кај останатите членови на бугарската Влада, особено кај елегантниот Каракачанов, и познатиот бугарски политички мачо-мен, Џамбазки.

Нашата телевизија со резигнација го отфрла ова барање, и во моментот кога ќе го добиеме како официјално, веднаш ќе упатиме пторест до Стразбур но и до Уницеф и Greenpeace

Сепак, останува да видиме дали Владата ќе ги прифати овие нови барања од т.н. акциски план кои , како што дознаваме, биле креирани од страна на убавата Министерка Захариева, при што таа особено внимавала, како што впрочем и се гледа од 4те горенаведени точки , да не се повредат чувствата на Македонците

( Текстот е козерија/фикција )

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!