понеделник, 19 април, 2021

ДОНЕСЕНА ПРЕСУДА: Обвинетиот Сашо Мијалков е осуден на затворска казна од 12 години

Денеска во Кривичниот суд Скопје се соопшти пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Во судница се присутни поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата, кои според обвинителниот акт, се обвинети за незаконско прислушување преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година.

Претседател на судечкиот совет е судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од 12 години.

Обвинетиот Сашо Мијалков, сторил кривично дело злосторничко здружување, кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело примање награда за против законито влијание.

На обвинетиот Горан Груевски, му се пресуди казна затвор од 15 години, Тони Јакимовски е осуден на казна затвор од 6 години, Гордана Јанкуловска е осудена на казна затвор од 4 години, Никола Бошковски е осуден на казна затвор од 15 години.

Пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Коментари

коментари

error: Content is protected !!