понеделник, 19 април, 2021

Сите погледи вперени кон судот: Во петок следува пресуда за Мијалков

Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност за контраразузнавање кој е во куќен притвор и е обвинет во неколку постапки на СЈО, утре ќе ја слушне првата пресуда.

За утре на рочиштето за „Титаник“ каде им се суди на Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, ќе се слушне првата пресуда.

-Верувам дека утре судот ќе потврди уште многу други лаги за договарања со Заев или слично и на крајот треба власта да понесе одговорност, а опозицијата што да направи?

-Да си понесе одговорност. Одговорноста доаѓа со правата, затоа што секоја лага, секоја невистина, се што ќе се каже нашиот народ го цени и знае се, и ви тврдам се додека продолжувате со вакви неодговорни политики, лаги и кочења народот ќе ви каже исто што ви кажа на последните избори – порази ќе расте тој пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а победите на СДСМ и коалицијата ќе растат.. Затоа што согласно правото и честа да се биде голем учесник во политиката следува и правото и честа на големата одгорност во политиката, рече премиерот Заев денеска во собранието.

Заев рече дека со преземените мерки и активности со кои МВР си ја заврши својата работа, Обвинителство и судот својата работа, по што по 40 часа целта е постигната.

-Успехот се гледа во постигнување на целта, комплетно се повикани сите потенцијални организатори и помагачи. Имаме постапено согласно сите правни прописи во државата и апсолутно е принуден како печурка после дожд да се појави во јавноста и тоа е успешно спроведена акција.

Комплетно целосно, согласно системот, согласно сите надлежности на институциите кои ги имаат, по слово на законот вашиот поранешен лидер во сенка е спроведен да си ја исполни мерката притвор и да си чека соопштување на пресудата, рече Заев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!