понеделник, 19 април, 2021

Проблеми во семејството Шаулиќ: Наследникот на Шабан прокоцкал значителна сума на пари

Како што пишуваат српските медиуми веќе неколку недели, Михајло Шаулиќ, наследникот на легендарниот Шабан Шаулиќ, наводно сè уште има големи проблеми со коцкањето. Поради ова негова „навика“, неговата мајка Гордана неодамна морала да собере дури 80.000 евра за да ги врати долговите.

Понатаму во медиумите се наведува дека Михајло со години бил во неволја поради повеќе лоши навики и дека неговите родители неколку пати го извлекле од долгови, а поради коцкањето и честите посети на казиното, тој го вратил своето семејство во незавидна состојба. Следуваа долгови, а потоа и изнудено плаќање, пренесува skopje24.

„Тој на почетокот криеше од најблиските дека повторно има проблеми и дека луѓето од кои позајмуваше пари повеќе пати бараа да им ги врати што побрзо, на крајот тој се обрати за помош на својата мајка Гордана. Вдовицата на Шабан се изнервира кога дозна за тоа, па мораше да има сериозен разговор со Михајло за тоа, кој знае по кој пат.

Но на крајот сфати дека мора да го преземе и исплати долгот. За неколку месеци сопругата на Шабан наводно успеала да собере пари во вредност од стан во Белград и да го подмири коцкарскиот долг на нејзиниот син“, велат извори блиски до семејството за српските медиуми.

После тоа, Шаулиќ ветил пред својата мајка, но им ветил и на сестрите, дека ќе се обиде да се ослободи од навиката, како и дека е свесен дека пропуштил многу добри можности во животот токму поради тоа.

Имено, иако во медиумите се споменуваше дека свадбата со свршеницата Данијела Мандиќ е откажана поради „разлики во одредени желби и поради разлики во карактерот“, се претпоставува дека го напуштила токму поради оваа работа.

Извор: skopje24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!