понеделник, 19 април, 2021

Младо момче тешко повредено во сообраќајка

Деветнаесет годишно момче од кумановското село Биљановце е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во населбата Бабин Дол.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(23) од Куманово и мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.П.(19).

-Во незгодата, П.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!