понеделник, 19 април, 2021

Бизарен тренд на ТикТок: Луѓе се обидуваат да докажат дека снегот во Тексас е лажен

По разорното зимско невреме што ја погоди американската држава Тексас претходните денови, на ТикТок започнаа да кружат видеа на кои корисниците се обидуваат да докажат дека снегот е лажен.

Првото вирално видео што се обиде да докаже дека снегот „не е вистински снег“ и дека е „создаден од владата“ беше избришан од оваа социјална мрежа откако беше прегледано скоро 900.000 пати.

Сепак, по бришењето на оригиналното видео, други теоретичари на заговор од Тексас се приклучија на трендот и се обидоа да докажат дека снегот е лажен. Корисниците на ТикТок доказот дека снегот е лажен го гледаат во фактот што не се топи ако му се приближи запалка или запалено чкорче кибрит, туку дека снегот гори и станува црн.

Сепак, овој феномен има и свое научно објаснување – снегот не гори, но саѓите се лепат за грутката снег и затоа стануват црн.

Инсајдерот наведува дека некои од корисниците се обиделе да докажат дека снегот не е вистински обидувајќи се да го стопат со фен за коса.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!