понеделник, 18 октомври, 2021

„СИТУАЦИЈАТА СЕ ВЛОШУВА„ Загрижувачка епидемиолошка состојба во 10 француски региони, владата подготвена за поостри мерки

Ситуацијата со коронавирусот е загрижувачка во околу 10 француски регионални делови, вклучувајќи ја областа Париз-Ил-де-Франс околу главниот град, а владата е подготвена да преземе дополнителни мерки за ограничување на инфекциите, изјави денеска владиниот портпарол Габриел Атал.

„Ситуацијата се влошува, тоа е причина за загриженост во околу 10 регионални оддели, а некои региони бараат брзи и силни мерки“, изјави Атал пред новинарите по состанокот на владата, објави Ројтерс.

Според Атал, властите покажале колку брзо можат да дејствуваат кога ситуацијата го налага тоа во региони како Мозел и Поморските Алпи.

Регионот на поморските Алпи околу Ница во понеделникот објави делумно „заклучување“ во следните два викенда.

Атал повтори дека француската влада прави се што е во нејзина моќ да избегне ново целосно „заклучување“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!