петок, 26 февруари, 2021

Русковска: „АНБ немаше информација дека Мијалков ќе бега, а јас имав од мој извор“

За бегството на Сашо Мијалков, Агенцијата за национална безбедност немала никакви индиции, откри вечерва шефицата на одделението за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за „360 степени“.

„Во саботата по 12.30 часот на пладне, откако добив информација дека е можно бегство на обвинетиот Сашо Мијалков, имав телефонски разговор со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и тој ми кажа дека ќе ги провери сознанијата кои јас сум ги добила“, вели Русквоска.

По 15 часот на Русковска и се јавил министерот Спасовски и тоа што таа по телефон му го кажала, и рекол да го напише на писмено и да го доставам до МВР.

„Јас истото го сторив и известување доставив, не знам дали беше 16.30 или 17 часот мислам не мислев дека ќе биде толку битно па необрнав внимание на тоа. Некаде по 22.30 ми донесоа известување од полиција, односно истото известување кое јас нив им го пратив само со додадени генерали на обвинетиот Мијалков“, додава Русковска.

Обвинителката додава дека не можела ништо да направи бидејќи имала информација која е непотврдена, а притоа АНБ немала никаква дополнителна индиција дека Мијалков ќе бега.

„Тоа што јас го имав беше непотврдена инфомација од еден извор. Замислете кога АНБ нема никаква информација, врз што ние да настапиме со сигурност“, вели Русковска.

Русковска во емисијата „360 степени“ раскажуваше и за телефонскиот разговор со директорот на полицијат.

„Јас се јавив на директорот на полиција, го прашав дали оставариле контакт со АНБ и дали тие имаат некои сознанија, при што директорот ми рече дека АНБ нема информации за бегство на Сашо Мијалков. Се слушнав и со републичкиот обвинител истиот ме праша колку ми е сигурна информацијата, јас му кажав дека тоа ми е оперативна информација од мои личен извор. И се договоривме да видиме следниот ден. Потоа јас повторно во комуникација со јавниот обвинител се обидов да стапам во контакт со мојот извор да прашам колку е сигурна информацијата, со истиот успеав да се слушнам некаде околу пладне при што сега не можам да открива детали, ама од 1 до 10, информацијата е сигурна 7“, рече Русковска.

Од вчера попладне, Мијалков е недостапен и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството го донел Кривичниот суд. Министерството за внатрешни работи првично објави национална, а попладнево и меѓународна потерница за Мијалков. Во меѓувреме, во полициска станица на инфромативен разговор се повикуваат членови на семејството на Мијалков и неговото обезбедување.

Извор: 360stepeni.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!