
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, најверојатно заминал во соседна Грција, брифираат за „НетПрес“, извори од македонските разузнавачко-безбедносните структури.
Екс директорот на УБК се одлучил за ова затоа што соседна Грција не ги екстрадирала и предходно пребеганите
Никола Бошковски и Горан Грујовски, и двајцата поранешни високи функционери во УБК, а обвинети во предметот Таргет-Тврдина, исто како и Мијалков.

Претпоставката е дека Мијалков во неделата попладне од хотелот Мериот, каде бил присутен до некаде 14.30 часот, заминал во Грција и дека моментно се наоѓа таму.
Но, нема информации каде точно во Грција. Засега не се знае ниту дали тој Македонија ја напуштил легално преку некој од граничните премини со Грција – Дојран, Богородица или Меџитлија, што е малку веројатно поради ситуацијата со Ковид 19, или пак тоа го сторил илегално.

Друга варијанта е дека Мијалков во Грција заминал преку Бугарија, со претходно изваден тест за Ковид 19.
Извор: netpress.com