недела, 28 февруари, 2021

Интерпол се вклучува во потрагата по Сашо Мијалков

Се уште ниту трага ни глас од Сашо Мијалков, кој од неделата непосредно пред да биде донесено решение да биде ставен во куќен притвор стана недостапен за органите на прогонот.

Во потрагата се вклучува и Интерпол откако вчера попладне мвр објави меѓународна потерница. Засега, полициската станица во Кисела Вода е центарот на истрага за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

На информативен разговор повикани се членовите на семејството на Мијалков, меѓу кои неговиот брат и синовите, како и припадниците на неговото обезбедување.

Од МВР, за Канал 5, велат дека се направени претреси во повеќе автомобили, земена е документација, мобилни телефони и лап топ компјутери, но засега од полицијата не откриваат дали имаат трага каде би можел да се наоаѓа Мијалков.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!